Екипата на Реал Мадрид, пред неколку дена го продаде во Челси, Алваро Мората за околу 58 милиони фунти плус бонуси.
Кралскиот тим на тој начин остана без резервен напаѓач од кој се уште може да се очекува погодок кога жќе влезе во игра, а тренерот Зидан е свесен дека на тимот му е потребен напаѓач.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Останавме без неколку многу добри играчи во овој преоден рок, но пристигнаа и некои добри млади играчи. Ние секогаш се обидуваме екипата да ја направиме подобра. Алвари замина и сега ни недостасува напаѓач. Видовме што се тој може да стори изминатата година, играше многу добро и значеше во тимот. Мораме нешто да сториме по тоа прашање“, истакна Зидан.
Да потсетиме Реал во последно време се поврзува со трансфер на Мбапе од редовите на Монако.