Дома Трансфер зона Проблем за Интер, може да го загуби Брозовиќ бесплатно

Проблем за Интер, може да го загуби Брозовиќ бесплатно

Марсело Брозовиќ е еден од најважните фудбалери на Интер, но неговиот договор со „нероаѕурите“ завршува следното лето.

Италијанските медиуми пренесуваат дека двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Имено, Брозовиќ моментално заработува 3,5 милиони евра и бара со новиот договор плата од 5,5 милиони евра, додека Интер не може да си дозволи такво зголемување.

„Нероаѕурите“ имаат финансиски проблеми и бараат од Хрватот да ја продолжи соработката со истата плата која ја добива во моментов.

Јувентус е заинтересиран за Брозовиќ, но Интер не сака да го продава во големиот ривал, па можно е следното лето да го загуби играчот без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи тргнува по ѕвездата на Барселона

Челзи ќе се вклучи во битката за дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, пренесуваат кат…