„Кориере дело Спорт“ открива дека главната трансфер цел на Милан ова лето ќе биде Доменико Берарди од Сасуоло.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Милан сака да ја засили десната крилна позиција, а најголема желба на тренерот Пиоли е токму Доменико Берарди.
Берарди одигра уште една одлична сезона, постигна 17 голови, а покажа добри партии и на Европското првенство.
Сасуоло е спремен да го пушти, но за неговата слобода бара помеѓу 30 и 40 милиони евра.
Милан веќе стапил во контакт со агентот на Италијанецот и се очекува наскоро да започне преговори со Сасуоло.