Дома Топ вести Абрамович спреми богата понуда за Левандовски

Абрамович спреми богата понуда за Левандовски

После освојувањето на Лигата на шампиони минатата сезона, сопственикот на Челзи, Роман Абрамович е спремен да донесе едно спектакуларно засилување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тренерот Томас Тухел бара врвен напаѓач, а раководството е спремно да му ја исполни желбата.

Поради потешкотиите да дојдат до потписот на Ерлинг Халанд, „сините“ ќе се насочат кон друга ѕвезда од Бундеслигата.

Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи започнал преговори со агентот на Левандовски и спремил понуда од 50 милиони фунти.

Левандовски влезе во последната година од договорот со Баерн, но не сака да ја продолжи соработката бидејќи сака да ја промени средината.

Баерн не сака да го загуби Полјакот без обештетување, па ќе размисли да ја прифати понудата со која ќе може да финансира доведување на друг напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…