Дома Фудбал Останато Teлото кажа „доста е“: Гарај објави крај на кариерата

Teлото кажа „доста е“: Гарај објави крај на кариерата

Езекиел Гарај објави крај на кариерата.

Сакаше Гарај се уште да игра, но колената му „откажаа“ во 35 година од животот. Аргентинецот кажа „доста е“ затоа што сфати дека повеќе не можеше.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Со години трпам тешки болки. Ме спречуват дури и да одам“, образложи Гарај во својата објава за крај.

Гарај уште пред крајот на сезоната 2019/2020 побара да биде отстранет од платениот список на Валенсија со кој беше под договор. Откако стигна на „Местаља“ Гарај не успеа да биде играчот од претходно, го мачеа болките во грбот, колената, задната ложа, абдоменот…Така кога телото ќе му каже на мозокот доста е повеќе не вреди да се оди на сила.

На клупско ниво Гарај одигра 466 натпревари, уште 32 за репрезентацијата на Аргентина со кој во 2014 година беше светски вицешампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Малку недостасувало за трагедија: Бендтнер нападнат со нож на улица во Њујорк! 🎥

Поранешниот дански фудбалер Никлас Бендтнер бил нападнат со нож на улиците во Њујорк. Инци…