Дома Трансфер зона Ламела се враќа во Серија А

Ламела се враќа во Серија А

Италијанските медиуми пренесуваат дека Фиорентина е силно заинтересирана за играчот на Тотенхем, Ерик Ламела.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Виолетовите“ бараат засилување за крилните позиции и фудбалер кој ќе може да го замени Рибери, кој го напушти клубот ова лето.

28-годишниот Аргентинец не добива голема минутажа, па и самиот е спремен да ја промени средината. Тој влезе во последната година од договорот, а Фиорентина сака да ја искористи таквата ситуација.

Ламела има искуство во Серија А каде со успех го носеше дресот на Рома, а „виолетовите“ се спремни да понудат 15 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…