Фудбалерите на Манчестер Сити вчера на „Вембли“ му го нанесоа третиот пораз на Тотенхем во сезоната.
Славеа „граѓаните“ со голот на Марез уште на стартот од натпреварот, но домаќините имаа свои шанси да стигнат до изедначување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најдобрата ја пропушти Ламела во 81-та минута, а овој фудбалер се најде и во центарот на една контроверзна ситуација која ги налути навивачите на Тотенхем.
Бекот на Сити градеше една топка пред Ламела, Аргентинецот не беше нежен во обидите да дојде до истата, што очигледно го налути Французинот. Менди се сврте и се обиде да го удри Ламела, но овој потег не беше санкциониран ниту со жолт картон.