Италија во неделата ја победи Англија и дојде до титулата на Европското првенство.
Преку целиот турнир Италија играше одлично, а еден од најдобрите играчи на репрезентацијата до моментот кога се повреди против Белгија беше Леонардо Спинацола.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Спинацола против Белгија заработи тешка повреда на Ахиловата тетива и ќе биде надвор од терените најмалку шест-седум месеци.
Фудбалерот на Рома сепак беше со соиграчите на „Вембли“ во финалето. После натпреварот тој се симна теренот и го прими заслужениот медал.
„Капитенот Киелини е голем човем, дојде и ми кажа: Ти оди прв по медалот, го заслужи. Скокав како луд, чувството беше прекрасно“, изјави Спинацола.
Зборуваше и за тешкиот момент на повредата кога во солзи беше изнесен на носилки.
„Во тие моменти си мислев: Зошто баш сега? Зошто јас? Плачев поради она што го губам…Очекувањата се за една недела да ги извадам конците и да започна со лесни тренинзи“, откри бекот на Рома.