Дома Фудбал Maнчини: Нека се слави, победивме среде Лондон!

Maнчини: Нека се слави, победивме среде Лондон!

Роберто Манчини е човекот кој ја препороди репрезентацијата на Италија и успеа да и го донесе Европското првенство.

Манчини ја презема Италија после катастрофата и непласирањето на Светското првенство во Русија и од тогаш прави фантастична работа, „Аѕурите“ играат одличен фудбал и заслужено се европски шампиони.

„Примивме гол и се мачевме на почетокот, но потоа ние бевме тие кои доминираат. Овие момци се прекрасни не знам што да ви кажам. Важна победа за цела Италија, нека се слави! Победивме среде Лондон што не е мала работа“, изјави еуфорично Манчини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсими ослабен пред Вардар, Јанакиевски доби едномесечна забрана

Лорик Каба Јакупи ќе пропушти три натпревари, а тренерот на Работнички е суспендиран на ед…