Дома Останати Мекгрегор пред борбата со Порие го провоцира Кабиб: Каде е сега, каде отиде? Ништо не направи во овој спорт!

Мекгрегор пред борбата со Порие го провоцира Кабиб: Каде е сега, каде отиде? Ништо не направи во овој спорт!

Конор Мекгрегор пред борбата со Дастин Порие имаше интервју за ЕСПН. Во тоа интервју зборуваше и за Кабиб Нурмагомедов.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Новинарот ги набројуваше последните борби на Конор, а кога дојде до онаа со Кабиб во 2018 година Ирецот го прекина.

„Каде е Кабиб сега, каде отиде? Побегна со спринт, исчезна. Ништо не оствари во овој спорт! Тој е непоразен со борби против борци кои имаа три победи и шест порази, се бореше со такви противници на приредбите кои ги организираше неговиот татко. Неговиот татко му местеше такви противници. Победуваше борци од ниска класа. Во УФЦ има само три вредни победи, ништо повеќе“, порача Конор.

Мекгрегор во ноќта помеѓу сабота и недела трет пат ќе се бори против Дастин Порие.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

АСОМ: Никогаш не сме биле дел од процесот на изработка на новиот предлог закон

Неразбирливо е како Владата по секоја цена се обидува да донесе закон што ќе има низанегат…