„Нероаѕурите“ блиску до доведување на нов бран засилувања.
Три засилувања се доведени, а уште четири се наоѓаат на листата на чекање. Интер е блиску до доведување на квартет засилувања, но се чека зелено светло од Кина. Од Жанг Диндонг, сопственикот на клубот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Директорите Аузилио и Сабатини отпатуваа во Кина на клучен состанок со сопственикот Жанг на кој се очекува да добијат конечен одговор за реализиација на претходно договорените четири засилувања, Кеита Балде, Патрик Шик и Матијас Весино.
Управата на Интер претходните денови водеше преговори и практично ги договори трансферите на Патрик Шик, Матијас Весин и Кеита Балде.
Шик ќе биде платен 30 милиони евра, Сампдорија сумата ќе ја добие на три рати. Двата клуба се договорија, а Чехот со Интер се договори за плата од 1.8 милиони евра по сезона и договор на пет години. Потоа се чека конечен одговор од Жанг, а клубот ќе мора да почека и еден месец за фудбалерот да направи нови медицински прегледи.
Познато е дека Јувентус се откажа од овој трансфер бидејќи наводно фудбалерот не ги поминал лекарските прегледи во Торино поради проблем со срцето. Поради тоа Интер ќе мора да почека најмалку еден месец за метаболизмот на Шик да се врати во нормални услови.
Договорен е и трансферот на Матијас Весин. Уругваецот пристигнува веднаш и во овој случај Инте ќе ја плати клазулата од 24 милиони евра, на две рати од по 12 милиони евра.
На крајот тука е Кеита Балде. Интер нуди 20 милиони евра плус бонуси и Лацио би ја прифатил таа сума. Проблем е што Кеита веќе има договор со Јувентус, но „старата дама“ не постигнала договор со Лацио. Лотито ќе направи се за Сенегалецот да не заврши во Јувентус со кој е во лоши односи.