Поранешниот напаѓач на Ливерпул и сега член на Саутемптон, Дани Ингс е новата трансфер цел на Манчестер Јунајтед, пренесуваат англиските медиуми.
И покрај фактот што Кавани потпиша нов договор и ќе остане на „Олд Трафорд“ и следната сезона, сепак „црвените ѓаволи“ сакаат да донесат уште еден напаѓач ова лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот, веќе го донесе Џејдон Санчо, а преговара за трансферите на Камавинга и Варан.
28-годишниот Ингс има договор со „светците“ на уште една сезона, па најверојатно ова лето ќе биде продаден, а наводно веќе се договорил со „црвените ѓаволи“.
Солскјер сака уште еден централен напаѓач како алтернарива за Кавани и верува дека Ингс ќе биде идеално решение.