Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е во напредни преговори со ѕвездата на Сантош, Кајо Жорге.
Овој 19-годишен напаѓач важи за најголен талент во Бразил, а „Калчомеркато“ открива дека Малдини веќе започнал преговори со неговиот агент.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Кајо игра за репрезентацијата на Бразил до 19 години каде на 10 настапи постогна 6 гола. Неговиот договор со Сантош истекува во декември, па Милан сака да го донесе во јануари како слободен агент.
„Росонерите“ се спремни да му дадат 10 милиони евра провизија на агентот, но да го добијат потписот на Бразилецот без обештетување.