Дома Фудбал Сари: Ако Италија го освои ЕУРО, Жоржињо треба да ја добие „Златната топка“

Сари: Ако Италија го освои ЕУРО, Жоржињо треба да ја добие „Златната топка“

Новиот тренер на Лацио, Маурицио Сари изјави дека плејмејкерот на Челзи и Италија, Жоржињо засилужува да ја добие „Златната топка“.

Жоржињо одигра клучна улога во освојувањето на Лигата на шампиони со Челзи, а игра фантастично и на ЕУРО.

„Ако Италија го освои Европското првенство, тогаш Жоржињо сигурно ќе биде меѓу фаворитите за Златната топка. Тоа е исклучителен фудбалер, не може секој да ја разбере неговата игра. Со Жоржињо на теренот се изгледа едноставно и секој тренер би сакал да го има во тимот“, изјави Сари.

Сари со Жоржињо соработуваше во Наполи и тој го донесе во Челзи каде двајцата повторно соработуваа заедно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ниту 150.000 евра не му ја отворија вратата: Гарсија остана без Динамо

Оскар Гарсија понудил да ја врати целата дотогашна заработка во Погон за да замине во Загр…