Новиот тренер на Рома, Жозе Мурињо ќе се обиде да го доведе левиот бек на Борусија Мехенгладбах, Рами Бенсебаини, пренесува „Скај Италија“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
После повредата на Спинацола приоритет на „волчицата“ ќе биде доведување на лев бек..
Прва желба на „Специјалниот“ беше Марсело, но откако стана јасно дека Бразилецот ќе остане во Реал Мадрид, изборот падна на Бенсебаини.
26-годишниот Алжирец одигра одлична сезона во Бундеслигата каде на 33 меча постигна 7 гола. Мехенгладбах за неговата слобода бара 20 милиони евра, но Рома ќе се обиде да ја намали таа сума.