Како што пренесуваат медиумите ширум светот, наскоро „росонерите“ би можеле да го крунисаат фантастичниот преоден рок.
Мората заврши во Челзи, Торино бара огромна сума за Белоти, како и Борусија за Пјер-Емерик Обамејанг, но во Милано не се откажуваат, бараат напаѓач со кој ќе го затворат преодениот рок и ќе го комплетираат целосно новиот тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според најновите информации тоа би можел да биде напаѓачот на Челзи, Диего Коста.
Бразилецот со шпански пасош е отпишан на „Стенфрод Бриџ“, не се појави ниту на турнеата на шампионот на Англија низ Кина и Сингапур.
Коста сака да се врати во својот поранешен клуб Атлетико Мадрид, но за такво нешто ќе мора да почека барем до јануари. Интерес има и од двете страни, но Диего Симеоне поради забраната за трансфери не може да регистрира играчи до наредната година.
Идејата е пронајдена, Челзи наводно го понудил Коста на Милан, тој на „Сан Сиро“ би настапувал до јануари на позајмица, а потоа би се преселил во својот поранешен клуб.
„Росонерите“ така би добиле идеално засилување во нападот, а би имале прилика и до јануари да соберат средства за некое поголемо име како Белоти и Обамејанг.