Денес во центарот на вниманието на спортската јавност е полуфиналето на Европското првенство во кое ќе се сретнат Шпанија и Италија.
Шпанија лицитира за освојување на своето четврто Европско Првенство, што би ги направило најуспешна нација во историјата на шампионатите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ја избришаа лошата слика од групната фаза по првите две нокаут рунда, а сега сакаат да ја продолжат традицијата која вели – секој пат кога Шпанија го минува четвртфиналето, го освојува трофејот.
Досега патот беше трнлив за неконзистентниот тим на Луис Енрике и тие дури на пенали славеа над одличната Швајцарија.
Втора последователна победа по 120 минути – по возбудливата победа во продолженија над Хрватска, во пеналите со Швајцарија, Унаи Симон ја спаси Шпанија и ги одбрани пеналите на Фабијан Шар, Мануел Аканџи и Рубен Варгас, оставајќи го Микел Ојарзабал да ја испрати Шпанија во полуфиналето.
И покрај слабиот старт на ЕУРО 2020, момците на Енрике веќе постигнаа 12 гола, изедначувајќи го нивниот највисок рекорд по бројот на голови, поставен за време на триумфалните кампањи од 2008 и 2012 година.
Всушност, Шпанија е непоразена во текот на последните 13 натпревари. Седум од тие натпревари завршија нерешено, што сугерира дека нивниот недостаток во офанзивата е сепак проблем. Тие постојано и против сите ја контролираат играта, го контролигаат темпото, но тоа не секогаш носи резултат.