Дома Македонски спорт Николов: После натпреварот со Холандија Мурињо му се јави на Пандев

Николов: После натпреварот со Холандија Мурињо му се јави на Пандев

Македонија го заврши настапот на Европското првенство во групната фаза откако доживеавме порази на натпреварите со Австрија, Украина и Холандија.

Бобан Николов сега во „Лазаров Шоу“ раскажа една интересна ситуација после натпреварот со Холандија кој беше последен за Пандев во дресот на Македонија. Николов откри дека Мурињо му се јавил на Пандев и имале емотивен разговор.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Кога заврши натпреварот со Холандија си заминавме со автобус кон хотелот. Атмосферата беше тажна поради последниот натпревар на Пандев. Кога стигнавме на Гоче Мурињо му се јави на видео повик. Во разговорот Мурињо и заплака. По него заплакавме и ние, неверојатено е да добиеш повик од човек како Мурињо, од таква природа“…

Ќе потсетиме, Мурињо и Пандев имаат близок однос од кога двајцата соработуваа во Интер кога „нероаѕурите“ во 2010 година дојдоа и до триплета.

ЦЕЛОТО РАЗГОВОР НА НИКОЛОВ ВО „ЛАЗАРОВ ШОУ“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…