Дома Македонски спорт „Наполи не треба да го продаде Елмас, но нека му даде шанса да игра“

„Наполи не треба да го продаде Елмас, но нека му даде шанса да игра“

Џани Ди Марцо, кој е поранешен тренер на Интер, Наполи, Џенова…смета дека Наполи треба да му даде повеќе шанса на Елиф Елмас.

Елмас кај Гатузо имаше мала минутажа, во главно влегуваше во последните минути или играше во куп натпреварите. Често пати во текот на сезоната и навивачите бараа од Гатузо да го користи повеќе Елмас, но промена немаше.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега Ди Марцо го советува Спалети Елмас да добива повеќе простор.

„Елмас се уште е млад и се обложувам дека може многу во Наполи, времете е пред него. Ако не игра подобро да оди на позајмица каде што ќе игра, па потоа може да се врати во Наполи. Кога јас би се прашувал сигурно не би го продавал затоа што е огромен квалитет. Тој е фудбалер за врска и не треба да се експериментира со него, има потенцијал, но како што кажав мора да игра постојано“, порача Ди Марцо.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ФК Шкупи: Некој има нешто против нас – ова не е случајно!

Во рамките од 30. коло во Првата македонска фудбалска лига, Шкупи беше поразен со 2:0 од Г…