Македонскиот репрезентативец ќе биде најголемото засилување за шампионот на Црна Гора
Актуелниот македонски репрезентативец Џејкоб Вајли, во наредната сезона ќе игра за екипата на Будуќност од Подгорица.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Силното американско крило со македонски пасош, се согласил на условите кои пред него ги поставил најдобриот црногорски тим во последните две децении, па по играњето за Гран Канарија, а во вториот дел од сезоната и во екипата на Сарагоса, Џајли ќе го продолжи својот кошаркарски пат кон Црна Гора, поточно во Подгорица.
„Да, можам да кажам дека се завршени сите детали околу договорот. Во следната сезона ќе бидам поблиску до Македонија. Ќе играм за екипата на Будуќност од Подгорица. Видете, полека но сигурно станувам Балканец. Ми се допаѓа тоа“, изјави Вајли за интернет страницата на Кошаркарската федерација на Македонија.