Дома Македонски спорт Мак фудбал Цените прифатливи – Вардар очекува голема поддршка против Копенхаген!

Цените прифатливи – Вардар очекува голема поддршка против Копенхаген!

Македонскиот шампион доби зелено светло и натпреварот против Копенхаген ќе го одигра на Арената „Филип Втори“, а управата на црвено – црните ги објави и цените на билетите за овој натпревар.

Во вторник на 25 јули во Скопје ќе гостува Копенхаген, додека реваншот се игра на 2-ри август на „Телиа Паркен“, исто со почетокот од 20 часот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Цените на билетите за овој натпревар се пониски за разлика од натпреварот против Малме кој се играше во Струмица. Фановите кои ќе сакаат дуелот да го следат од јужната трибина ќе треба да платат 300 денари, додека картите за на запад изнесуваат 200 денари. Додека северната и источната трибина ќе бидат затворени поради подготвки за Супекупот.

Клубот дополнително ќе одлучи кога истите ќе бидат пуштени во продажба

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Изминаа десет години од смртта на човекот за кој фудбалот беше образование, животна школа и надеж.

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на поранешниот генерален секретар на Фудбалската…