Идилата за пресилниот тим кој беше светски шампион и прв фаворит за освојување на ЕП брзо се претвори во дебакл.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Франција која ја освои светската титула на ЕП дојде со фантастично воигран тим, а тука беше сега и одличниот Карим Бензема. Меѓутоа во текот на Европското првенство одредени француски новинари пишуваа дека атмосферата во репрезентацијата е лоша поради очајните односи меѓу играчите, ароганцијата и безобразлукот.
Посебно тука се истакнува тоа што Кингсли Коман еден час не сакаше да го послуша Дешамп и да излезе од игра, потоа расправијата на мајката на Рабио со семејствата на Погба и Мбапе…
Реномираниот „Л’Eкип“ открива и дека тука не бил крајот.
Наводно, имало многу напнатост помеѓу Мбапе и Гризман затоа што наводно Килијан бил љубоморен на улогата на Антоан во репрезентацијата и нивниот однос бил далеку од пријателски.