Од денес големата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси е слободен агент, откако му заврши договорот со каталонскиот клуб.
И покрај тоа претседателот на Барселона, Лапорта е спокоен и верува дека двете страни наскоро ќе се договорат за продолжување на соработката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој е убеден дека Аргентинецот ќе остане на „Камп Ноу“, но вели дека се уште не може да ја објави таа информација.
Преговорите помеѓу двете страни продолжуваат, а се очекува новиот договор да биде потпишан по завршувањето на Копа Америка.
„Ние сакаме да остани, Лео сака да остане. Тоа што треба да го решиме е прашањето на финансискиот фер-плеј. Се наоѓаме во процес на барање на најдоброто решение. Би сакал да можам да објавам дека Меси останува, но се уште не можам“, изјави Лапорта.