Дома Фудбал Линекер ја „погреба“ славната изрека за Германците

Линекер ја „погреба“ славната изрека за Германците

Англија после повеќе од шест децении ја победи Германија на големите натпреварувања. Во осминафиналето на Европското првенство беше 2:0.

Натпреварот на „Вембли“ беше прилично изедначен, а пресуди ефикасноста на Англичаните кои преку Стерлинг и Кејн дојдоа до победата.

После овок натпревар Гери Линекер одлучи да ја „погреба“ фамозната реченица за Германците.

„Фудбалот е едноставна игра во која 22 играчи трчаат по топката 90 минути, а на крајот ќе победат Германците“, изјави Линекер како играч после поразот во полуфиналето на Светското првенство во Германија во 1990 година.

Откако сега Англија ја победи Германија одличниот напаѓач го промени мислењето.

„Мислам дека е време фразата „Германците секогаш победуваат“ да оди во кревет. Почивај во мир“, напиша Линекер на Твитер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…