Дома Трансфер зона Требаше да биде нов капитен на Јувентус, а сега е продаден за само 4 милиони

Требаше да биде нов капитен на Јувентус, а сега е продаден за само 4 милиони

Даниеле Ругани важеше за најголемиот италијански талент кога простигна во Јувентус и многумина прогнозираа дека ќе биде наследник на Киелини.

Ругани пет години настапуваше за Јувентус, но не успеа да го покаже својот квалитет, па минатата година беше испратен на позајмица.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Јасно е дека за него повеќе нема место во тимот на „старата дама“, па Јувентус го стави на продажба.

Италијанските медиуми пренесуваат дека дефанзивецот кариерата ќе ја продолжи во Бетис, а двата клуба го договориле трансферот за 4 милиони евра.

Неговата кариера во последните години тргна во надолна линија, иако на почетокот му предвидуваа дека ќе биде новиот капитен на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…