Aктуелниот фудбалски шампион, Шкендија отпатува за Бугарија во Банска каде што ќе одигра натпревар против ЦСКА 1948 Софија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Овој натпревар практично ќе биде генерална проба пред европските предизвици во квалификациите за Лигата на шампионите. Дуелот против еден од најдобрите бугарски тимови е закажан за утре во 18:30 часот. За Шкендија ова е четврти пријателски натпревар претходно славеа победи со Шкупи (2:0) и Лачи (2:1) и беа поразени од Приштина (2:0).
Во првото квалификациско коло Шкендија ќе игра против Мура од Словенија.