Дома Фудбал Италија Тоти: Мурињо е најдобриот тренер во светот

Тоти: Мурињо е најдобриот тренер во светот

Легендарниот италијански фудбалер и икона на Рома Франческо Тоти смета дека Рома направила вистински потег со ангажманот на Жозе Мурињо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред околу еден месец на големо изненадување на фудбалската јавност беше објавено дека Мурињо ќе ја води Рома. Тоти верува дека тоа е вистинскиот потег.

„Мурињо доаѓа и веднаш кажува што мисли. Тој е најдобриот тренер во светот. Би сакал да имав можност да работам со таков стратег кога бев помлад“, изјави Тоти.

Тоти се поврзуваше со враќање во Рома во некаква улога, меѓутоа сега тој потврди дека нема контакти и не се зборува за тој да се врати во таборот на „волчицата“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мбапе за Парагвајците: Мислеа ќе дојдеме во смокинг, а ние ги победивме во нивната игра

Француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе истакна дека неговата репрезентација го совлада…