Борусија Дортмунд е во напредни преговори со Манчестер Јунајтед за трансфер на Џејдон Санчо.
Двете страни се блиску до договор, а Дортмунд од продажбата на Санчо ќе инкасира 75 милиони фунти.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Билд“ пренесува дека „милионерите“ веќе започнале да бараат замена за Англичанецот, а прва мета е Рафаел Леао од Милан.
Младиот Португалец игра солидно, но Милан е спремен да го продаде за да инвестира во нов напаѓач.
„Росонерите“ за неговата слобода бараат 30 милиони евра, сума која Борусија е спремна да ја плати, но треба да се избори со конкуренцијата бидејќи интерес за Леао покажуваат уште Вулверхемптон и Евертон.