Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Познати сите парови во осминафиналето, мега-дуел помеѓу Англија и Германија

Познати сите парови во осминафиналето, мега-дуел помеѓу Англија и Германија

Заврши групната фаза на Европското првенство кое се игра од 11. јуни до 11. јули.

Откако вечерва Германија и Унгарија одиграа 2:2, исто како и Франција со Португалија, познати се сите парови во осминафиналето на Европското првенство.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Најголемо внимание привлекува дуелот помеѓу Англија и Германија на Вембли, како и Хрватска против Шпанија во Копенхаген.

Франција во Букурешт ќе игра против Швајцарија а Португалија ќе се сретне со Белгија во Севиља. На Вембли ќе играат Италија против Австрија, додека Велс и Данска ќе се соочат во Амстердам.

Возбудувања се очекуваат и на натпреварот Холандија – Чешка кој се игра во Будимпешта.

Натпреварите се играат на 26, 27, 28 и 29 јуни. Секој ден ќе има по два натпревари на програмата. Најпрвин следува два дена пауза, а потоа започнува нокаут фазата и највозбудливиот дел од ова натпреварување.

Натпревари во осминафиналето:

Велс – Данска
Италија – Австрија
Холандија – Чешка
Белгија – Португалија
Хрватска – Шпанија
Франција – Швајцарија
Англија – Германија
Шведска – Украина

Нема опис за фотографијата.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Само реми за Реал на дебито на Чаби Алонсо

Чаби Алонсо дебитираше со реми против Ал Хилал на Светското клупско првенство. Младата над…