Дома Фудбал Холандија ќе го продолжи ЕП без Лук Де Јонг

Холандија ќе го продолжи ЕП без Лук Де Јонг

Лук Де Јонг се повреди и нема да може да и помогне на Холандија во понатомошниот дел од Европското првенство.

Фудбалската федерација на Холандија објави дека Де Јонг го повредил коленото на тренингот во вторникот. На првите два натпревар Лук Де Јонг два пати влезе како резерва, а сега ги повредил лигаментите во судир со соиграчот Коди Гакпо, еден ден по дуелот на Холандија со Македонија.

„Лук Де Јонг на тренингот заработи повреда на лигаментите и нема да може да игра во понатамошниот дел од Европското првенство“, објавија од федерацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ВАР не ја исправил грешката: Вардар останал без пенал при негатива од 0-1

Судискиот одбор утврди пропусти во проверката на играњето со рака во 37. минута против Тик…