Дома Фудбал Maкедонија е репрезентацијата со најмногу направени фаули на ЕП после првото коло

Maкедонија е репрезентацијата со најмногу направени фаули на ЕП после првото коло

После натпреварите од првото коло на Европското првенство нашата репрезентација го носи епитетот на најгруба на ЕП.

Македонските репрезентативци направиле 16 прекршоци што е најмногу од сите селекции кои настапија на шампионатот.

Причината за ваквиот епитет може да се бара во сличната игра на противникот, Австријците направија 13 фаули, исто толку имаат и Слованците, а пред нив се Португалија и Полска со по 15.

Дуелот Македонија – Австрија бил најгруб со 29 прекршоци, потоа следи натпреварот помеѓу Полска и Словачка со 28 прекршоци.

Македонија следниот натпревар го игра со Украина и оваа селекција само осум пати ги фаулирала противниците во натпреварот со Холандија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал и Сити го следат Ливраменто: Договорот е клучот за можен трансфер

Њукасл сака да го задржи Тино Ливраменто, но застој во преговорите за продолжување на дого…