Дома Трансфер зона Кулибали го напушта Наполи, англиските гиганти ја почнаа битката

Кулибали го напушта Наполи, англиските гиганти ја почнаа битката

Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали најверојатно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната тврди „Газета дело Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Наполи е во лоша финансиска ситуација поради пандемијата, а Кулибали има висока плата, па клубот одлучи да го стави на продажба.

Договорот на сенегалскиот дефанзивец истекува во 2023 година, па во Наполи веруваат дека сега е вистинско време да заработат на неговото заминување.

Цената на 29-годишниот Кулибали моментално изнесува 50 милиони евра, иако пред само една година неколку европски гиганти за неговиот потпис нудеа 70 милиони евра.

Најсилен интерес за Кулибали покажуваат премиерлигашите, Челзи, Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…