Дома Македонски спорт Мак фудбал Бејтулаи: Се надевам дека ќе ги израдуваме навивачите

Бејтулаи: Се надевам дека ќе ги израдуваме навивачите

Репрезетантивниот дефанзивец на Македонија, Егзон Бејтулаи е оптимист пред првиот меч на ЕП против Австрија.

Бејтулаи истакна дека е среќен што е дел од оваа репрезентација и се надева дека со резултатите на ЕП ќе ги израдуваат навивачите.

„Се чувствувам одлично што сум дел од оваа репрезентација која направи историски успех. Со нетпрение го очекувам почетокот на првенството. Се надевам дека во Букурешт ќе се претставиме во одлично светло и ќе успееме да ги израдуваме нашите навивачи. Секогаш давав се од себе, во младата репрезентација на Македонија до 21 година и во А репрезентацијата. Треба подеднакво добро да напаѓаме и да се браниме. Имаме одличен тим, подготвени сме за Евро 2020“, изјави Бејтулаи.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Арсими бара прекин на поразите, Демири со Шкендија доаѓа по бодови во Гостивар

Шкендија Арачиново сака да го продолжи позитивниот резултатски ритам, а Арсими бара одгово…