Ливерпул е силно заинтересиран за ѕвездата на Лајпциг, Марсел Сабицер, пренесуваат медиумите на Островот.
Ливерпул веќе неколку месеци работи на трансферот на Сабицер, за кого интерес покажува и Тотенхем.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Новиот извршен директор на Лајпциг потврди дека сегашниот состав ќе претрпи големи измени и дека неколку фудбалери ќе го напуштат клубот.
Ливерпул веќе го договори трансферот на Конате од Лајпциг, а сега започнал преговори и со Сабицер.
Фудбалерот сака да се пресели на „Енфилд“, а во договорот ова лето ќе се активира клаузула според која може да биде слободен за 15 милиони фунти.