Играчот за врска на Реал Сосиедад, Микел Мерино е трансферна цел на Барселона, пренесуваат каталонските медиуми.
Тренерот на Барселона, Роналд Куман е голем симпатизер на играта на 24-годишниот играч за врска.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Барселона е во потрага по засилување на средниот ред, а откако пропадна трансферот на Вајналдум, сега ќе се свртат кон Мерино.
Мерино беше еден клучните играчи на Сосиедад оваа сезона, кој го освои Купот и обезбеди пласман во Лига Европа.
Тој одигра 36 меча минатата сезона на кои постигна 2 гола и запиша 6 асистенции.
На Барселона нема да и биде лесно да го добие неговиот потпис, бидејќи Сосиедад за слободата бара 30 милиони евра.