Eдна од најголемите македонски легенди Васил Рингов се расплака во гостувањето во „Студио 10“ на „ТВ24“ каде што зборуваше за катастрофалната ситуација во која се наоѓа Вардар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Рингов во 80-тите години ја воодушевуваше скопската публика и беше еден од легендите кои оставија огромен белег во црвено-црните. Сега додека зборуваше за Вардар не можеше да ги сокрие солзите.
„Сум кажал многу пати до сега. Вардар беше репрезентацијата на Македонија, во тимот играа сите најквалитетни фудбалери. Државата треба да ја реши ситуацијата. Не е проблемот што Вардар ќе игра во втора или трета лига, како што тргнала работата може да го снема“, изјави Рингов.