Дома Фудбал Oфицијално: Сари нов тренер на Лацио

Oфицијално: Сари нов тренер на Лацио

Маурицио Сари ќе биде нов тренер на Лацио.

Оваа вест се најавува веќе некое време во италијанските медиуми, а денес стигна потврда.

На социјалните мрежи Лацио објави фотографија која го опишува Сари. Со Лацио искусниот стратег ќе потпише договор на два години вреден три милиони евра по сезона со можност за бонус од еден милион во зависност од резултатите. На клупата на Лацио Сари доаѓа на местото на Симоне Инзаги кој премина во Интер.

Така Сари се враќа на тренерската работа после пауза од една година, претходно беше тренер н Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…