Дома Трансфер зона Габриел Жесус ќе биде нов напаѓач на Јувентус?

Габриел Жесус ќе биде нов напаѓач на Јувентус?

Бразилскиот напаѓач Габриел Жесус (24) би можел да стане нов напаѓач на Јувентус.

Како што пишува „Газета дело спорт“ клубот од Торино сака да ангажира нов напаѓач, а меѓу кандидатите е и 24 годишниот Бразилец од Манчестер Сити.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според информациите на „Газета“ Сити би можел да го испрати на позамица Жесус со обврска Јувентус да го откупи на крајот од сезоната. Таквата идеја наводно им се допаднала во Торино.

Не е јасно дали Жесус би пристигнал и ако Кристиано Роналдо остане во клубот, засега иднината на Португалецот не 100% сигурна и таа ќе биде решена по завршувањето на Европското првенство.

Жесус веќе пет години е член на Манчестер Сити. Пристигна од Палмеирас за 33 милиони евра и во 195 настапи постигна 82 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид по натпреварот со Баерн донел одлука за Модриќ?

Лука Модриќ се уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид кој истекува на крајот на акт…