Хвича Кварацхелија, репрезентативец на Грузија, е на радарот на неколку европски гиганти.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Грузиецот го сврте вниманието кон себе со добрите настапи не само во националниот тим, туку и во дресот на Рубин Казан.
Борусија Дортмунд подолго време го следи крилниот напаѓач, а сега во трката за неговиот потпис се приклучија Милан и Јувентус.
Агентот на Кварацхелија веќе имал средба со споменатите клубови, па сега останува да видиме каков избор ќе направи грузискиот талент.
Цената на Грузиецот е 15 милиони евра и многу веројатно дека од лето ќе се пресели во Серија А.