Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта пред неколку дена потврди дека Роналд Куман ќе остане тренер на Барселона и наредната сезона.
Куман не се покажа баш најдобро во првата сезона на клупата и се шпекулираше дека ќе добие отказ, но на крајот тоа не се случи. Лапорта одлучи да му даде шанса на Холанѓанецот кој сега добива нова прилика да докаже дека заслужува да ја води Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Куман баш не блескаше во својата сезона на клупата и се шпекулираше дека ќе добие отказ, но на крајот од тоа немаше ништо.
Во претходните недели со Барселона најмногу се поврзуваше Чави кој во овој момент е во катарскиот Ал Сад тим со кој потпиша нов двегодишен договор. Сега Чави зборуваше на таа тема.
Чави бил зачуден од ситуацијата кога неодамна беше на одмор во Барселона.
„Кога слетав на аеродромот ме чекаа новинари и добив голем број пораки. Тоа ме шокираше. Навистина немаше ништо, но сега се уште е рано. Можев да станам тренер на Барселона пред една година, но ја одбив понудата затоа што не бев спремен. Сакам да соберам што е можно повеќе искуство во оваа работа и потоа ќе се вратам“.
„Не брзам со враќањето во Барселона. Прво, Куман мора да се почитува, тој се уште е тренер. Ќе дојде време кога ќе се вратам, но сега е рано“, изјави Чави.