Дома Фудбал Анчелоти им дава шанса на Бејл, Иско и Марсело

Анчелоти им дава шанса на Бејл, Иско и Марсело

Новиот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти зборуваше за иднината на Герет Бејл.

Велшанецот помина една година на позајмица во Тотенхем и ова лето ќе се врати во Мадрид, каде има договор на уште една година.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Иако се чинеше дека Бејл нема иднина на „Сантиаго Бернабеу“, сепак Анчелоти ги цени неговите квалитети и е спремен да го задржи во тимот.

Слична е ситуацијата со Иско и Марсело, кои беа на излезна врата, но со Анчелоти ќе останат во тимот и следната сезона.

„Герет не играше многу во Тотенхем минатата сезона, но постигна важни голови. Тој ќе се врати во Мадрид. Одлично го познавам, ако е мотивиран тој ќе одигра силна сезона. Навистина го сакам Герет, како Иско и Марсело. Тие ќе бидат митивирани да докажат дека се способни се уште да играат за Реал Мадрид“, изјави Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона не планира да доведе замена за Гави

Порано оваа недела Барселона потврди дека Гави ќе биде надвор од терените во следните 4-5 …