Дома Фудбал Еден Азар му посака добредојде на Анчелоти: Ова се добри вести за мене

Еден Азар му посака добредојде на Анчелоти: Ова се добри вести за мене

Еден Азар се радува што ќе работи со Карло Анчелоти, кој пред два дена беше промовиран за нов тренер на Реал Мадрид.

Азар одигра две лоши сезони во „кралскиот“ клуб и не ги оправда очекувањата, но се надева дека Анчелоти ќе му даде нова шанса да го покаже својот квалитет.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


„Сите во Реал Мадрид знаат што Анчелоти му донесе на овој клуб. Тој ја освои Лигата на шампионите со оваа група на играчи и познава најголем дел од фудбалерите. Знаеме дека станува збор за тренер со огромно искуство, тренер кој го познава градот и фановите“.

„Верувам дека можеме да направиме многу убави работи заедно. Не го познавам лично, но имам слушнато дека е многу добра личност која сака да победува. Ќе имаме шанса да работиме заедно и сметам дека ова се добри вести за мене“, изјави Азар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона не планира да доведе замена за Гави

Порано оваа недела Барселона потврди дека Гави ќе биде надвор од терените во следните 4-5 …