Дома Трансфер зона Анчелоти му ја отвори излезната врата на Јовиќ

Анчелоти му ја отвори излезната врата на Јовиќ

Лука Јовиќ последните шест месеци ги помина на позајмица во Ајнтрахт Франкфурт и се врати во Реал Мадрид.

Српскиот голгетер пред две години пристигна на „Сантиаго Бернабеу“ за 60 милиони евра, но воопшто не ги оправда очекувањата.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Јовиќ не добиваше минутажа кај Зидан и беше испратен на позајмица, но работите за него нема да се променат ниту со новиот тренер.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Анчелоти нема да смета на него и му порачал на раководството да го стави на трансфер листа.

За него постои интерес од некои италијански и англиски клубови, но јасно е дека Реал нема да може да ја врати вложената сума за него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…