Дома Македонски спорт Мак фудбал Ангеловски: Им благодарам на навивачите, жалам што не ги наградивме со победа

Ангеловски: Им благодарам на навивачите, жалам што не ги наградивме со победа

Македонската репрезентација испушти победа во последните секунди против Словенија (1:1) на првата генерална проба пред Европското првенство.

Селекторот Ангеловски им се заблагодари на навивачите за поддршката и изрази жалење за пропуштената победа.

„Благодарност најпрво до навивачите за поддршката и единствено што жалам е што не ги наградивме со победа. Резултатот сепак не е толку важен, бидејќи ова е сепак подготвителен период. По победата против Германија ова ни беше прв меч и задоволен сум“.

„Задоволен сум од второто полувреме. Доминиравме, бевме оние вистинските, до примениот гол, а Словенија не се ни доближи до нашиот гол. Моравме да дадеме и втор гол и навреме да го затвориме натпреварот. Но, добро, се наоѓаме во подготвителен период, работиме по двапати во денот и нозете се тешки“, истакна Ангеловски.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Арсими бара прекин на поразите, Демири со Шкендија доаѓа по бодови во Гостивар

Шкендија Арачиново сака да го продолжи позитивниот резултатски ритам, а Арсими бара одгово…