Дома Фудбал Бензема: Мбапе е добредојден во Реал

Бензема: Мбапе е добредојден во Реал

Карим Бензема после подолго време се врати во репрезентацијата и се подготвува за настап на Европското првенство.

Веднаш откако ги започна припремите со репрезентацијата Бензема објави фотографија со Килијан Мбапе, а сега зборуваше за можниот трансфер во Реал Мадрид.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Мбапе во Реал? Ќе видиме што ќе се случува, но во секој случај ќе биде добредојден. Тоа е млад играч, феномен со кој можев да тренирам. Има брзина и квалитет“, изјави Бензема, кој потврди дека останува во Реал.

„Се трудам да бидам подобар секоја сезона. Овде играм фудбал за кој сонував од секогаш. Денес може да ми судите за тоа што го правам. Ова е мојот фудбал. Ова е клубот на мојот живот. Ќе останам и следната сезона во Реал“, заклучи Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан сака засилување од Баерн Минхен

Угледниот “Газета дело Спорт” наведува дека челниците на Росонерите веќе идент…