Дома Фудбал Репрезентации Попов: Оваа Македонија е најсилна во историјата!

Попов: Оваа Македонија е најсилна во историјата!

Поранешниот македонски репрезентативец и фудбалер на струмичка Беласица, Горан Попов во украинските медиуми зборуваше за Македонија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Македонија на Европското првенство е во група со Украина и против оваа селекција ќе играме во второто коло во Букурешт, претходно ќе го отвориме турнирот со дуелот против Австрија.

Попов на Украинците им порача дека ова е најдобрата Македонија во историјата.

„Без дилеми овој состав на Македонија е најсилниот во историјата. Првпат играме на едно Европско првенство и сето тоа благодарение на Лигата на Нации. Да не беше тоа натпреварување веројатно немаше да бидеме тука. Во мое време репрезентацијата имаше навистина силна одбрана и среден ред, тогаш нападот не беше на ниво. Сега одбраната не е така силна како порано“, смета Попов.

Според Попов селекторот не треба да игра со тројца во одбраната.

„Ако селекторот одлучи да игра со тројца во одбрана тоа нема да биде добро. За таква формација потребни се фудбалери на највисоко ниво, а освен тоа играчите треба да играат во таква формација и во клубовите за да има стабилност“, порача поранешниот македонски репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Белингем: Не ја заслужив наградата за играч на натпреварот

Бeлингем ги изнесе своите впечатоци пред медиумите на стадионот во Фоксборо по завршување …