Дома Останати Кошарка Дончиќ повторно блескаше, но недоволно за победа на Далас

Дончиќ повторно блескаше, но недоволно за победа на Далас

Лука Дончиќ одигра уште еден феноменален натпревар во НБА плеј-офот, но тоа за неговиот Далас не беше доволно за победа.

ЛА Клиперс во гости го победија Далас со 108:118 и со тоа ја намалија негативата во серијата на 2:1 и ја вратија неизвесноста во овој пар.

Далас во почетните пет минути на натпреварот имаа +19, после што следуваше пад во играта. На домашниот тим не му помогнаа ниту 17.700 гледачи на трибините па Клиперси стигнаа до заслужен триумф.

Клиперси до триумфот го предводеа двете најголеми ѕвезди Каваи Ленард со 36 односно Пол Џорџ со 29 кошеви. Дончиќ беше повторно одличен со 44 поени, 9 скокови и 9 асистенции.

Резултати:

  • Резултати: 

Атланта – Њујорк 105:94 (2-1)

Бостон – Бруклин 125:119 (1-2)

Далас – ЛА Клиперс 108:118 (2-1)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

На 19 години синот на Перо Антиќ почна тренерска кариера!

Синот на македонската кошаркарска легенда и поранешен репрезентативец Перо Антиќ, Лука Ант…