Барселона веќе може слободно да испрати понуда до Лионел Меси за нов договор, откако заврши финансиската ревизија во клубот.
Од „Камп Ноу“ соопштија дека утре претседсателот Жоан Лапорта ќе има пресконференција на која ќе открие каква е финансиската состојба на Каталонците.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Досега Лапорта немаше можност да му понуди конкретна плата на најголемата ѕвезда, бидејќи не знаеше со какви финансии ќе располага.
Меси замина во Аргентина каде и се приклучи на аргентинската репрезентација, па преговорите ќе се одвиваат на дистанца и ќе нема брзо да се завршат.
Се очекува конечната одлука Меси да ја донесе после завршувањето на Копа Америка.