Дома Фудбал Италија Интер: Името на Конте секогаш ќе остане запишано во нашата историја

Интер: Името на Конте секогаш ќе остане запишано во нашата историја

Oна што се најавуваше предмалку Интер и официјално го потврди – Антонио Конте повеќе не е тренер на клубот.

После сите најави беше јасно дека се е завршено и се чека само официјалното соопштение кое сега и пристигна.

„Интер објавува дека е постигнат договор за раскинување на соработката со тренерот Антонио Конте. Целиот клуб е благодарен за работата што ја заврши, а сето тоа кулминираше со освојувањето на Скудетото. Името на Конте секогаш ќе остане запишано во историјата на нашиот клуб“, стои краткото соопштение.

Нема официјални информации, но медиумите пишуваат дека Интер ќе му додели на Конте седум милиони евра бонус за предвременото раскинување на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арсенал го следи младиот талент на Ливерпул, Нгумоа

Арсенал е заинтересиран за младиот крилен играч на Ливерпул, Рио Нгумоа, кој е пофален од …