Цела Италија во попладнево е едногласна – Антонио Конте вечерва и официјално ќе си замине од Интер.
Едни од најпознатите новинари во Италија, Танкреди Палмери и Фабрцио Романо известуваат за ова, а веста ја објави „Скај Спорт“. Според информациите Интер и Конте спогодбено ќе го раскинат договорот. Како што се наведува Конте за раскинувањето ќе добие бонус од седум милиони евра.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Иако изгледаше невозможно изгледа Интер и Конте навистина ќе се разделат после освоеното Скудето. Прашање е сега како ова ќе се одрази на тимот.
Веднаш се шпекулира и за можна нова дестинација на Конте. Неговото име се поврзува со Реал Мадрид каде што се најавува отказ за Зидан.
ULTIM'ORA INTER
— skysport (@SkySport) May 26, 2021
➖
RISOLTO IL CONTRATTO CON CONTE. RAGGIUNTO ACCORDO DI RESCISSIONE CONSENSUALE
➡️ https://t.co/XhdWZH46Yn#SkySport #Inter #Conte pic.twitter.com/R3mzhzle73